Home / Вести / Петар Шилегов:Судот му кумуваше на бегството на Грујовски и Бошковски

Петар Шилегов:Судот му кумуваше на бегството на Грујовски и Бошковски

Неажурноста, скандалозното и противправно одложување на притворите до правосилноста на решенијата за притвор и останатите преседани во работата на судовите особено по предметите на Специјалното јавно обвинителство им овозможија на лицата Горан Грујовски и Никола Бошковски обвинети за тешки кривични дела, да избегнат соочување со правдата. Наместо да се борат против криминалот, судските органи, пред се Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд, се ставија во директна заштита на криминалот и криминалците, изјави денеска Петре Шилегов, потпретседател на СДСМ.

– Смисленото бегство на Грујовски и Бошковски е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомненија за нивната вмешаност во делата за кои се товарат. Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено, со ова се остава простор за останатите обвинети во случаите коишто ги води Специјалното јавно обвинителство за кои наместо притвор се донесени мерки на претпазливост, во секој момент да можат да избегаат и да станат недостапни – рече тој.

Шилегов смета дека ваквото дерогирање на правниот систем и владеењето на правото од страна на Сваровски судството, комплетно ја урниса довербата на граѓаните во правосудството и го отвора прашањето за одговорноста на повисоките судски органи.

– Срамното и криминално работење на Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд, само ги потврди тврдењата на СДСМ дека дел од судството работи под партиска контрола и единствено во функција за заштита на криминалците. СДСМ како во изминатиот период, така и во иднина, ќе работи на професионализација на институциите, но и на покренување на постапки за одговорност на судиите и судските органи кои работат непрофесионално, недоследно и во заштита на криминалот. Нема да дозволиме ваквото срамно и криминално постапување на судовите да остане неказнето – порача Шилегов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!