Home / Uncategorized / Петровска: В недела, сите заедно да го донесеме животот во Битола

Петровска: В недела, сите заедно да го донесеме животот во Битола

-Почитувани граѓани, нека ни е честит празникот 11-ти Октомври кој   не е значаен само заради антифашистичката борба и борба за социјалена правда, 11-ти Октомври е значаен затоа што ни овозможи македонска самобитност. На овој значаен датум за нас, борбата која ја вложија нашите предци во изминатиот период ни овозможија да создадеме независна држава. Токму затоа сме денес овде да дадеме длабока почит и поклон кон нивното дело затоа што го вложија најсветото, најскапото, своите животи. Овде сме денес за да дадеме завет дека ќе даеме наш влог во денешницата, во сегашноста која ја живееме.

Драги битолчани, нека овој ден не потсети дека треба на 15-ти Октомври во недела, сите заедно да го донесеме животот во Битола- изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ и Коалицијата “За живот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*