Home / Uncategorized / По ЛДП и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја напушта коалицијата

По ЛДП и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја напушта коалицијата

Премиерот тврди дека е стабилно парламентарното мнозинство по излегувањето на пратениците од ЛДП од владејачката коалиција. Одлуката да настапуваат самостојно ја смета за удар кон СДСМ иако имаат легитимно право на ваков потег. Запознаен бил со ставот на ЛДП да делува самостојно уште при формирање на мнозинството но сега не било вистинското време за излегување од коалиција.

Заев уверува дека излегувањето на ЛДП не е поврзано со најавите на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство. Владејачката коалицијата „Можеме“ за брзо време ќе го докажела параламентарното мнозинство со плус пратеници најави Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат дали преговарале со пратениците од ЛДП.

Либерално демократската партија соопшти дека пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски ќе делуваат самостојно во парламентот. Иако ваквата одлука ја најавиле уште лани во август до сега од објективни причини не биле во можност да ја реализираат.

По ЛДП и лидерот на ДС Павле Трајанов најавува отцепување од коалиција. Трајанов смета дека самостојното делување на помалите партии носи повеќе процедурални погодности. Ситнењето на коалициите според него не мора да значат промена на власта. Павле Трајанов како лидер на ДС е дел од коалицијата „ Можеме“ предводена од СДСМ.

Самостоен настап во парламентот остварија и четворицата пратеници на БЕСА иако официјално се во коалиција со СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*