Home / Uncategorized / Почина битолскиот Губерина
Сотир Главинче, доајен на битолската и македонската адвокатура

Почина битолскиот Губерина

Вчера, попладнето на Буковските гробишта  во Битола беше погребан доајенот на битолската адвокатура, добитникот на највиското признание на Битолски весник за животно дело,  Сотир Главинче.
Сотир Главинче беше еден од доајените на битолската адвокатура од генерацијата адвокати на Вељко Губерина и Фила Филота.
Погребот на Главнче ќе биде денеска на Буковските гробишта во Битола.
Сотир Главинче е роден 1927г. во Охрид). Основно училиште учел во Охрид и Битола, а Гимназија во Битола. Во 1946г., се запишува како вонреден студент на Правниот факултет во Белград. Во 1947г., во Битола работи како новинар – главен и одговорен уредник на весникот „Братство” и е дописник за „Нова Македонија”. Во 1948г., е уапсен и испратен на Голи Оток. По ослободувањето е ангажиран во работната акција на изградба на автопатот „Братство – Единство”.

Сотир Главинче, доајен на битолската и македонската адвокатура

Сотир Главинче, доајен на битолската и македонската адвокатура

 

Со студии продолжува во Загреб, каде дипломира во 1952г. Во 1953г., се вработува како приправник
во Околискиот суд Битола. Во 1954г., е избран за судија на Околискиот суд Прилеп, а во 1955г., е судија на Околискиот суд Битола. Во 1958г., е избран за судија во Окружниот суд Битола, каде работи до 1966г. како претседател на кривичниот совет и на Одделението за судска пракса. Во 1966г, се запишува во именикот на адвокатите, кога е избран и за член на УО на Комората. Во 1972г., е избран за Претседател на Адвокатската комора на Македонија за Претседател на Сојузот на републичките и покраинските адвокатски комори на Југославија (СРПАКЈ).

 

Во тоасвојство во 1972г., ја води првата официјална делегација на југословенската адвокатура во странство, во Полска. За Претседател на АК на Македонија е избран уште и во 1981-1982 и 1983-1985г., кога е и член на Претседателството на СРПАКЈ. Во 1980г., е избран за член на првиот Издавачки совет на стручното списание „Адвокатура”. Општествено е ангажиран уште од 1954г., како Претседател на Здружението на возачите „Сотир Наумовски” каде е реизбиран повеќе од дваесет години. Од 1957г., до 1961г., е член на Советот на Народниот театар во Битола, а во
1961-1962г., Претседател на ФК „Пелистер”. Во 1966г., е делегат на Соборот на здружен труд на Собранието на Општина Битола. Бил претседател на Основната адвокатска организација (1976г.), прв претседател на Основната адвокатска комора во Битола (1979г.), и претседател на Адвокатската заедница во Битола (1991г.) Бил член на првиот состав на Претседателството на АКРМ во периодот од 1991 – 1994г., и на Советот на АКРМ. Во 1995г., е избран за член на работната комисија за донесување на првиот Кривичен законик на РМ. Во 1995г., е избран за прв Претседател на

Здружението за македонско – турско пријателство – Битола. Во 2002г., е избран за Претседател на Еколошкото друштво „Колибри”. Од 2002г., е член на Моралниот суд на Македонија.

 

Координатор е на групата граѓани „Вљубеници во Битола”. Во 2010г., е прогласен за прв почесен член на „Ротари клуб” Битола. Добитник е на Орден на трудот со сребрен венец од Претседателот на СФРЈ (1969г.), Орден за заслуга за народ со златна ѕвезда од Претседателот на СФРЈ (1977г.), Орден на трудот со златен венец од Претседателството на СФРЈ (1982г.), Плакета за
особени заслуги и постигнати резултати во развојот и напредокот на македонската адвокатура (1980г.), Бронзена плакета од Адвокатската комора на Р.Австрија (1981г.), признание за активно вршење на адвокатска дејност од 39 години (2006г.), Златна плакета од Сојузот на здруженијата на возачи на Р.Македонија по повод 50 години од основањето (2006г.). Се пензионира во 2009г., по вршење на непрекината адвокатска дејност од 43 години.

 

Во 2013г. ја доби наградата за животно дело на „Битолски весник”, а во 2014г. големото признание Литтерас Хонорис на Копаоничката школа за природно право, Р.Србија. Автор е на повеќе стручни и научни трудови и коавтор на книгата „Адвокатурата и адвокатите во Битола” (2011).

 

Како адвокат бранел и застапувал во голем број на судови во поранешна Југославија и се истакнал како голем борец за слободата и човековите права. Учествувал во познати судски случаи и бранел заедно со адвокатите Вељко Губерина, Филота Фила и др.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*