Home / Спорт / Подготовки на Пелистер во Банско,Бугарија: Три средби без пораз

Подготовки на Пелистер во Банско,Бугарија: Три средби без пораз

 

Фудбалерите на Пелистер, на теренот во Банско, Бугарија, го одиграа и третиот контролен натпревар од подготовките кои ги одработуваат во тоа место.

По нерешениот натпревар против Победа 2:2, како и по убедливата победа над Марек Дупница (3:0), во последниот натпревар избраниците на Наумче Љамчевски повторно излегоа како победници, овој пат против бугарскиот тим на Славија Софија со 2:1 (0:0).

Стрелци на головите за новиот прволигаш беа Бујчевски и Главевски, а за издвојување е и одбранетиот пенал на голманот на Пелистер, Илче Петровски.

Пелистер мечот го почна во следниот состав: Пашовски, Тошевски, Ковачев, Степановски, Миленковски, Илиев, Маркоски, Петров, Љамчевски, Божиновски, Демир, а во  второто полувреме шанса добија сите останати фудбалери кои ги има на подготовките, Наум Љамчевски.

Инаку, во екипата на Пелистер најверојатно ќе се наоѓаат и двајца Бразилци Лукас Гоијано и Аугусто Фернандо.

Двајцата фудбалери доаѓаат преку екипата на Литекс со која и претходно Пелистер имал одлична соработка.

Од таа екипа во Битола дојдоа фудбалерите Џедерсон, Миранда и секако најпознатиот во редовите на Пелистер, Стенио Жуниор.

 

Инаку, деновиве во Банско замина и генералниот секретар на Пелистер, Бруно Пресилски, со кој треба новјалиите во Пелистер да ги потпишат договорите за играње во Пелистер.

 

Што се однесува пак до техничко – административните работи околу преземањето на 75 проценти од акциите на Пелистер, кои сега се во сопственост на Цермат, се очекува до крајот на неделава и тоа да биде  завршено.

Неофицијално дознаваме дека шест компании ќе располагаат со акциите на Пелистер, а не како што беше најавено само ЗК Пелагонија.

 

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*