Home / Спорт / Стефан Дрогришки останува во Пелистер

Стефан Дрогришки останува во Пелистер

Младиот ракометар на битолски Пелистер и потенцијален репрезентативец, Стефан Дрогришки, останува во својот матичен клуб, иако имаше желба својата играчка кариера да ја продолжи во Металург.

Дваесет и двегодишниот среден бек најде заеднички јазик со управата на Металург, но тој и оваа сезона ќе биде пелистерец.

За овој случај веќе е запозната и Ракометната федерација на Македонија, а случајот ќе заврши на Арбитражната комисија.

-Дрогришки е наш ракометар под договор до јуни 2017 година, иако тој сакаше да премине во Металург. Иако случајот е на арбитража, таа ќе биде во наша полза, бидејќи сите обврски од договорт од наша страна се целосно исполнети, велат од Ракометниот клуб Пелистер.

-По повеќе години минати во Пелистер, дојде време да направам чекор напред во мојата ракометна кариера и да ги испробам силите во една друга средина. Најдов заеднички јазик со раководството на Металург, со кое во наредниот период ќе потпишам договор. Навистина е голем предизвикот да се игра во Лигата на шампионите, како и во СЕХА лигата, а особено задоволство е да бидеш трениран од врвен стручњак, каков што е Лино Червар, изјави Дрогришки деновиве по преговорите со Металург.

Вицешампионот Металург на својата официјална веб-страница објави дека постигнал договор со Стефан Дрогришки од Пелистер, но и потенцираше дека недостига само уште потпис на договорот.

Минатата година Металург од Пелистер го ангажираше Филип Кузмановски, но во спротивен правец испрати неколку ракометари.

Сепак овој пат до преговори помеѓу двата клуба нема да дојде.

 

 

С.Р.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!