Home / Политика / Помош од СДСМ за новачани

Помош од СДСМ за новачани

-Поплавите во Општините Битола, Новаци и Могила се нешто во кое не смее да има ниту политика ниту политиканство.  Ова се моменти во кои сите ние треба да бидиме со граѓаните и да им помогнеме во маката што ги снашла. СДСМ со своите активисти е секаде на терен и за жал констатирана е  катастрофална ситуација во домовите каде водата продрела.
На дел од граѓаните им е потребна храна, вода,  хемиски средства, храна за стоката и други потребштини.

Ние денес на најзагрозените граѓани ќе им овозможиме дел од нивните  потребштини, но истовремено апелираме до надлежните институции да бидат брзи со помошта за овие граѓани- изјави Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*