Home / Uncategorized / Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Новаци и францускиот град Коломбел

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Новаци и францускиот град Коломбел

             

Со одржување на  свечена седница на Советот  општината Новаци денеска прослави 23 години постоење.

Во рамките на бројните свечености  беше потпишан Меморандум за соработка со француската општина, Коломбел.

Градоначалникот на општината Коломбел од Франција, Марк Потје, рече дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка се продлабочува соработката и пријателството кое што го имаат двете општини.

          Инаку да потсетиме во градот Коломбел, Франција, пред две години беше откриено спомен обележје за паднатите борци во Првата светска војна, на кое беа испишани  имињата на војниците од Новаци и околните села кои загинаа во Првата светска војна на Кајмакчалан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*