Home / Вести / Познати имињата на загинатите битолчани

Познати имињата на загинатите битолчани

Полицијата го утврди идентитетот на четирите лица кои загинаа во сообраќајката што денеска околу 17 часот се случи кај селото Крушје на патот Ресен-Охрид.

Во несреќата учествувале три возила, битолски мерцедес и ауди и охридско БМВ.

Според информациите од полицијата загинаа два брачни пара кои што се наоѓале во мерцедесот и аудито.

Станува збор за лицата М.Р ( 1951 ) и М.Р. (1953) и двајцата од Битола, и за брачниот пат од селото Трновци Ц.С (1965) и Д.С ( 1959) кои се наоѓале во аудито, соопштија од полицијата.

До несреќата доошло при судир на трите возила, а според очевидци во тој момент имало големо невреме проследено со силен дожд.

Увидот траеше неколку часа, а патот Ресен-Охрид беше затворен за сообраќај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!