Home / Култура / Премиера на “ Август во округот на Осејџ“

Премиера на “ Август во округот на Осејџ“

Утревечер на сцената на Народниот театар – Битола, премиерно ќе биде изведена претставата „Август во округот Осејџ“ од Трејси Летс, а во режија на Драгана Милошевски – Попова.

Според зборовите на драматургот Билјана Крајчевска, оваа претстава е црна комедија, приказна за луѓе кои под маската на семејниот живот, делумно од страв или паника мораат да се уништат.

Претствата ја режира режисерката Драгана Милошевски – Попова, на која ова и е вторпат да режира во Народниот театар Битола.

– Оваа претстава е посветена на едно дискфункционално семејство, семејство кое се распаѓа и за тоа какво влијание имаат општествените прилики врз семејството, рече режисерката. Претставата треба секој да ја види, бидејќи станува збор за црна комедија полна со сарказам. Таа е забавна, но исто толку тажна затоа што јасно прикажува колку многу перверзен може да биде човекот по природа и колку е тешко, ако не и невозможно, да се промени таа вгнездена навика за самоуништување во неговата природа доколку се обиде да се ослободи од минатото – посочи на денешната прес конференција Драгана Милошевски – Попова.

Во премиерата закажана за утревечер на матичната сцена на Битолскиот театар, главните улоги ги толкуваат актерите Елена Моше, Јулијана Мирчевска и Борис Чоревски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!