Home / Uncategorized / Проект на МКЦ „Обединети младински работници”

Проект на МКЦ „Обединети младински работници”

Во  Битола  се одржа првиот промотивен настан за проектот „Обединети младински работници”.

Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата ИПА ТАИБ 2011 „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанскот општество”, а е имплементиран од Младинскиот културен центар – Битола и партнерските организации Креактив – Скопје, Младинската мрежа на југоисточна Европа (СЕЕЅН) од Босна и Херцеговина и Националната асоцијација на младински работници (НАПОР) од Србија.

Проектот започна со имплементација крајот на ноември 2015 и ќе трае до мај 2017 година.

Целта на проектот е подобрување на институционалните механизми за соработка на младинските граѓански организации со владините институции, како еднакви партнери во креирањето на младинските политики и донесување одлуки во однос на младинската работа.

Во рамки на проектот ќе се реализираат активности за препознавање и унапредување на младинската работа во Република Македонија, како и јакнење на капацитетите за застапување на младинските организации членки на Сојузот за младинска работа.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*