Home / Uncategorized / Концерт на воениот оркестар на АРМ во Битола

Концерт на воениот оркестар на АРМ во Битола

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија денеска на Широк Сокак во Битола ќе има свечен настап и ќе одржи концерт.

Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на Првата Гардиска Бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на 26 март 1992 година во касарната „Илинден“, по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армијата на Република Македонија.

На 22 јули 2002 година официјално почна да функционира Гардискиот баталјон за почести и опслужување, а со трансформација од 1 март 2006 година функционира како Баталјон за почести и опслужување. Со трансформација на АРМ од 1 април 2012 година функционира како Баталјон за почести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*