.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Пролетно чистење на дивите депонии

Пролетно чистење на дивите депонии

Акцијата на Општина Битола за чистење на дивите депонии заедно со јавните комунални претпријатија „Комуналец”, „Нискоградба” и „Водовод” за оваа сезона започна на повеќе локации низ градот.

Денеска  јавните комунални претпријатија презедоа активности на неколку локации меѓу кои и дивата депонија кај месноста викана Тепсија и депониите на патот М5.

deponii 1 deponii 8

Акцијата за чистење на дивите депонии општината Битола ја реализира два пати годишно, и тоа во пролетниот и есенскиот дел од годината.

-Бројката од 128 диви депонии кои што ги имавме во  општина Битола, денес е сведена на 19. Меѓутоа, и понатаму ќе се преземаат активности за чистење на диви депонии онаму каде што ќе се јави потреба во текот на целата година.  Сакам да укажам на една постојана опасност која се појавува во оваа сфера која што опфаќа веќе и неколку сегменти. Се работи за делот над тунелот кај ромската населба, таму постојано се исфрлува отпад.

deponii 9

Ние со јавните комунални претпријатија посебно со Комуналец, последните неколку месеци во неколку наврати поставивме таму контејнери, но повторно сметот се фрла на патот. И покрај тоа што се загадува средината во која што живеат, веќе станува опасност и за движењето на возилата. Со ова укажувам на потребата од директна соработка, и апелирам граѓаните да соработуваат со нас – изјави градоначалникот д-р. Владимир Талески.

 

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*