Home / Uncategorized / Промоција на новите доктори на науки на Битолскиот универзитет

Промоција на новите доктори на науки на Битолскиот универзитет

Во рамките на одбележувањето на патронатот  на  Битолскиот Универзитет,  на пригодна свеченост што се одржа на салата за состаноци на Ректоратот, комплекс Касарни – Битола, промовирани се доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола.

Ректорот проф. д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи:

1. Д-р Татјана Бошков, доктор на економски науки, Економски факултет – Прилеп.

2. Д-р Наташа Јованова, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.

3. Д-р Нол Дедај, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола.

4. Д-р Саит Саити, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.

5. Д-р Душко Иванов, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.

6. Д-р Виолета Китановска, доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет – Битола.

7. Д-р Ангелина Станојоска, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.

8. Д-р Алиисмет Чочај, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид.

9. Д-р Ирена Ружин, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид.

10. Д-р Тони Цветаноски, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид.

11. Д-р Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола .

12. Д-р Басри Ахмеди, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола.

13. Д-р Христина Велјановска, доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет – Битола.

14. Д-р Фанче Јошевска, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*