Home / Култура / Промовирана книгата “Во прво лице “ на Менде Младеновски

Промовирана книгата “Во прво лице “ на Менде Младеновски

Викендов, во културниот простор “ Магаза “ во Битола, во рамките на битолското културно лето “ Бит фест 2015 “ беше промовирана најновата книга на дописникот на Нова Македонија од Битола, “ Во прво лице “ на Менде Младеновски.
За книгата на Младеновски, која е четврта по ред книга од едицијата “Поводи и Погледи“, зборуваа рецензентите Љубомир Груевски, познат битолски писател и литературен критичар, како и доајенот на битолското новинарство и познатиот битолски писател Димче Миновски.
Во книгата “ Во прво лице “ се поместени четириесетина колумни, кои Младеновски редовно, секоја среда ги објавува во редовната рубрика во Битолски весник “Поводи”.
Инаку издавач на книгата” Во прво лице” е најстариот локален неделник Битолски весник и е печатена во тираж од 300 примероци.
На промоцијата на книгата присуствуваа голем број почитувачи на творештвото на Менде Младеновски, кој е новинар со 35 годишно новинарско искуство.
Инаку Менде Младеновски покрај книгата “ Во прво лице “ има објавено уште три книги “Поводи”, “Во мое име”, “Од мој агол” и книга за авторот на песната “Битола мој роден крај” и првиот почесен граѓанин на Битола, Ајри Демировски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*