Home / Вести / Прв стручен собир на библиотекарите од факултетските библиотеки

Прв стручен собир на библиотекарите од факултетските библиотеки

             

Утре,  со почеток во 11 часот, во Националната  универзитетска библиотека во Битола ќе се одржи првиот стручен собир на библиотекари од факултетските библиотеки.

Темата на Собирот е  „Организација и услуги на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски Битола“ – развој на библиотечната дејност“

Стручниот собир  ќе се одржи во просториите на библиотеката со почитување на процедурите за организирање на настани за време на пандемија со Ковид-19

За учество на Собирот се пријавија библиотекарите од факултетските библиотеки на УКЛО.

Предавачи на Собирот ќе бидат библиотекарите м-р Јелена Петровска и Лидија Мирчевска.

 Организаторите велат дека Собирот на библиотекарите од факултетските библиотеки ќе укаже на стручноста на библиотекарите и потреба за користење на референтна литература на студенти и научни работници на Универзитетот, но пред се и на значењето на библиотечните сервиси на ниво на Универзитетот како и потполна препознатливост во средината.

На Средбата ќе бидат опфатени теми од организациска поставеност на факултетските библиотеки во интегриран универзитет, работа со библиотечната граѓа и корисници, управување со информации, автоматизација на библиотечното работење и изготвување на насоки за развој на библиотечната дејност што е од особено значење за евалуација квалитетот и изведување на образовните програми на Универзитетот.

 Како посебен дел ќе бидат обработени и теми за стручно усовршување на библиотечниот кадар и можности за стекнување на стручни звања во струката. 

Инаку Националната Установа Универзитетска  библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола е придружна членка на Универзитетот  во Битола (УКЛО).

Во рамките на УКЛО како дел од секој одделен факултет се наоѓаат и факултетски библиотеки со збирки на научна литература. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*