Home / Спорт / Прва фудбалска лига, 6. коло: Пелистер со два порази, денес тргнува по Купот

Прва фудбалска лига, 6. коло: Пелистер со два порази, денес тргнува по Купот

Фудбалерите на Пелистер и на второто по ред гостување во рамките на Првата фудбалска лига се вратија во Битола со (не)очекуван пораз и со тоа не им се исполнија плановите за нови бодови со кои ќе останеа во врвот на табелата.

“Пелистерци“ можат многу да жалат барем за бод од Чаир бидејќи примија наивен гол во последните секунди и натпреварот.

Тренерот на Пелистер, Наум Љамчевски застана во одбрана на своите фудбалери и истакна дека нема ни мала забелешка на нивната игра, со исклучок на падот на концентрацијата.

-Натпреварот во Чаир беше најдоброто издание на Пелистер во оваа сезона, но, за жал, се враќаме со пораз. Немам буквално ништо да им забележам на моите фудбалери, сметам дека сме несреќно поразени, иако ние сме тие кои треба да жалат, бидејќи одигравме одличен натпревар и дури и можевме да победиме. Индивидуалните гршки и падот на концентрацијата беа наши гревови.

Инаку и двете екипи одиграа борбен меч, а Шкупи поведе во 27 минута. Иако “пелистерци“ имаа неколку шанси за гол на одмор заминаа со минус еден гол. Второто полувреме започна за Пелистер одлично, а во 49 минута со голот на Лукас имаше реми 1:1. До крајот, двете екипи имаа свои можности, но и покажаа претпазливост да не загубат. Сепак во судиското продолжение Лазаревски од само еден метар ја втурна топката во мрежата на Петровски за  победа за Шкупи.

-Мора да потенцирам дека одлично работиме, имаме перспективен тим и многу простор за напредок. Дури и сметам дека ако го имам комплетниот тим на располагање најмалку три натпревари по ред, ќе играме уште подобро. Уште еднаш сакам да потенцирам дека Пелистер покажа дека против секој тим во оваа лига се надигрува и игра со отворен гард и така ќе биде и во иднина, рече  Љамчевски.

Во следното коло Пелистер ќе бара прекин на серијата на неуспеси на домашен терен против Силекс.

-Одиме на победа во Битола во недела против екипата на Силекс. Не очекува тежок натпревар, но мораме да се вратиме во игра само со победа. Сите ќе се концентрираме на нова победа вели Љамчевски.

Но, пред првенствениот натпревар екипата на Пелистер ја очекува и куп натпревар, против екипата на Ренова.

-Што да кажам повеќе освен дека мораме да и се реваншираме на Ренова за поразот во првенството пред едно коло. Но, едно е играње во првенството, а друго е да се игра куп натпревар. Неизвесноста е голема во секој поглед на оваа средба. Ние ќе мораме да бидеме максимално да одиграме во првата средба, а потоа на гостувањето во Тетово да бидеме порелаксирани и да обезбедиме пласман понатаму во Купот. Ќе биде тешко, но сега повеќе ја познаваме екипата на Ренова, додава Љамчевски.

 

 

 

С.Р.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!