Home / Uncategorized / Прво санација, па целосно чистење на реката Црна

Прво санација, па целосно чистење на реката Црна

Од општинскиот кризен штаб понудија иницијатива од сите општини од пелагонискиот регион, а, заради географската поставеност не се вклучува општината Ресен, бидејќи немаше проблеми со поплавите кои ги зафатија останатите пелагониски општини, сега кога времето се смирува, а нивото на водата се спушта и во речните корита и во полето, да се координираат повеќе активности.

 

-Проблеми сеуште постојат кај селото Егри, штетите таму допрва ќе се проценуваат. Се координиравме за следните иницијативи. Имено, се појави можноста на дел од оштетените делови од коритото на реката Црна да може да се санираат. Таа поминува низ повеќе општини и направивме координација и се согласивме, да побараме интервенција од републичкиот кризен штаб колку што може да се изведе. Бидејќи темпертурите од следната недела ќе се зголемуваат, да не се случи повторно да се направи штета, бараме брза интервенција од Републичкиот кризен штаб- го истакна првиот заклучок, градоначалникот на Општина Битола и претседател на општинскиот кризен штаб, Владимир Талески.

 
Следниот пролетно- летен период, ќе побараат финасиска поддршка за чистење на коритото на реката Црна и максимална заштита на оштетените делови и веруваат дека надлежните институции на кои со закон им е доверена заштитата на коритото на реката Црна ќе ги извршат сите потребни интервенции.

Со тоа општините сто проценти ќе си помагале и би се делувало превентивно.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*