Home / Вести / Првото бебе во Битола машко

Првото бебе во Битола машко

                       

Првото бебе во Битола, кое се роди во Новата 2021 годане машко. Тоа се роди на една минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на Гинеколошко-акушерското одделение.

Бебето кое го доби името  Методиј, со родил  со тежина од  3.150 гр, и должина. од 50 см, е прва радост на неговите родители.

Среќната мајка ја породи дежурниот тим во состав д-р Михајло Вангелов, д-р Гоце Чакаровски, сестрата имструментарка Александра Симоновиќ, акушерките Муневер Веџиу, Лилјана Стојановска, сестрата Даниела Стефановска, болничарката Наташа Дуковска. Од анестезиологија  д-р Николина Петровска, д-р Сотир Николовски,  сестра анестетичар Албиона Фејзуловска и неонатолог д-р. Снежана Митревска.

Градоначалничката Петровска поради пандемијата оствари видео средба со  среќната мајка, со цел да и ги пренесе честитките за првото новороденче . Мајката од своја страна се заблагодари на чинот, како и на персоналот од Клиничка болница. Градоначалничката, покрај симболичниот подарок, за првороденото бебе намени ваучер во вредност од 20.000 денари.  Таа симболично ги награди и останатите родилки и нивните деца, породени на првиот ден од новата 2021 година.

Инаку во Новата 2021  година во Битола се родија вкупно 5 бебиња.

-Добре ни дојдоа на свт нашите 5 нови сограѓани, нека ни се здрави, живи и вековити. Честитки до родителите, семејствата, а посебни честитки до дежурните екипи на Клиничката болница за нивната професионалност и посветеност.  Оваа година, за разлика од минатите,  одлучивме од здравствени и безбедносни причини да не ги посетиме директно мајките и новородените, но секако тоа не не прави помалку топли и помалку искрени во нашата радост за она што ни го донесоа, а тоа е пред се нов живот, рече градоначалничката Наташа Петровска.

 Според зборовите на директорката на Клиничката болница Билјана Гагачевска во минатата година, која ја оставивме зад нас,  во Битола бил зголемен бројот на новородени деца за 2 отсто,што е добра вест за зголемување на наталитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*