Home / Вести / Работен состанок за животната средина во Битола

Работен состанок за животната средина во Битола

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска денес имаше работна средба со пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска. На средбата. се разговараше за интензивирање на соработката со Министерството за животна средина, во функција на забрзување на активностите за поставување на заштитните филтри во Рударско енергетскиот комбинат – РЕК Битола.
Исто така, во функција на заштита на животната средина, градоначалничката информираше за планираното воведување на одржлив сообраќаен режим на територијата на Општина Битола, како и за подобрување на состојбата со јавниот превоз во градот.
На работниот состанок се разговараше и за координирано, забрзано завршување на активностите кај обиколницата над Битола, во координација со Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски, со цел да се реализира проектот со кој ќе се овозможи трајно решавање во делот од магистралниот пат каде што живее претежно ромско население.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!