Home / Uncategorized / Кирацовски: Да не ја испуштиме оваа шанса

Кирацовски: Да не ја испуштиме оваа шанса

Членството во НАТО не носи само загарантирана безбедност и сигурност, туку влез на нови и сериозни странски инвестиции, зајакната конкурентност, зголемена доверба во економијата, нови работни места и поквалитетни услови за живот на сите граѓани, изјави генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

-После деценија порази, после години минати во изолација и неизвесност, Македонија денес гордо чекори напред. Стануваме дел од големото евроатланско семејство на кое вредносно и цивилизациски му припаѓаме. Отворени ни се вратите што со децении ни беа затворени. Да не ја испуштиме оваа историска шанса. Македонскиот идентитет е обезбеден. Како генерација имаме неповторлива можност да донесеме историска одлука со којашто ја обезбедуваме нашата македонска сегашност и нашата македонска иднина – рече Кирацовски.

Тој истакна дека во изминатите неколку месеци ги посетиле местата низ цела Македонија, каде, според него, граѓаните во огромно мнозинство дале силна поддршка на процесите што ја интегрираат државата во НАТО и ЕУ.

-Референдумот е пред нас. Како што ни личи, гордо и достоинствено да донесеме вистинска одлука. Да кажеме „да“ за влез во НАТО, за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тој референдум е темелот на нашата иднина. Со пенкало срушивме режим, со пенкало е потпишана поканата за членство на Македонија во НАТО, со пенкало ќе гласаме за нашата иднина – рече генералниот секретар на владејачката партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*