Home / Политика / Ребалансот на буџетот пред пратениците

Ребалансот на буџетот пред пратениците

По едночасовна пауза – ребалансот пред пратениците. Ребалансот на буџетот предложен од владата е на дневен ред на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Осумстотитни и четириесет амандмани стигнале до собраниската комисија за финансирање и буџет –  706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите  134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок.

Пред членовите ребалансот го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој рече дека основна цел на предложениот ребаланс е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

Вкупните приходи во првите шест месеци се 86,4 милијарди денари што е 46 отсто во однос на планираното, а расходите се 94,6 милијарди денари. Министерот истакна дека на расходната страна сериозно намалување има кај расходите за стоки и услуги кои се скратени за 2 милијарди денари во однос на иницијалната проекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!