Home / Вести / Редици пред конзулатот на Бугарија за бугарски пасоши

Редици пред конзулатот на Бугарија за бугарски пасоши

        Додека Републичките власти деновиве со владините преставници на Бугарија водат интензивни преговори за решавање на недоразбирања околу (не)почитувањето на Договорот, се поголем број наши (со)граѓани вадат Бугарски пасоши.

?

        Сликата која  претпладнево ја направивме пред Бугарскиот конузлат во Битола, најдобро го потврдува тоа.

        Имено пред Конузлатот на Република Бугарија десетици  млади луѓе во колона чекаа да ги поднесат документите во Конзулатот за добивање на бугарски паош.

        Така покрај пред банките, наплатните центри на јавните претпријатија, А 1 најдолги колони  во последно време има пред Конзулатот на Бугарија.

        Тоа е најдобра потврда дека сеуште голем број млади луѓе разочарани од состојбите во државата својата перспектива ја гледаат во напуштање на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*