Home / Uncategorized / “Реформаторите“ на ВМРО во Брисел

“Реформаторите“ на ВМРО во Брисел

Иницијаторите за реформи и демократизација за ВМРО-ДПМНЕ денеска се во посета на Брисел каде се сретнаа со членови на Европскиот парламент кои доаѓаат од Европската народна партија и со известувачите за Македонија. Петар Богојески од Иницијативата за реформи  вели дека европските претставници целосно се согласуваат со нивните ставови дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се реформира, а за тоа е прифатлив само демократски и слободен Конгрес за избор на нов лидер.

-Брисел не поддржува приватен конгрес на ВМРО ДПМНЕ! Само демократски и слободен Конгрес ќе ја изрази вистинската волја на членовите на партијата, кои имаат право слободно да го изберат новиот лидер, вели Богојески.

На средбите со европските претставници за сегашниот лидер Никола Груевски се разговарало само како за политичар од минатото.

-Груевски е минато, за кое немаме спомени вредни да се присетуваме, вели Богојески.

Иницијаторите за реформи утре во Брисел ќе се сретнат и со високи претставници на Европската комисија задолжени за Југоисточна Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*