Don't Miss
Home / Вести / Реконструкција на 10 краци во должина од над два километри во Горно Оризари

Реконструкција на 10 краци во должина од над два километри во Горно Оризари

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и претставници од општинската администрација, извршија увид на работните активности во Горно Оризари, каде се врши реконструкција на 10 краци, со вкупна должина над 2 километри.

Проектот за реконструкција, покрај нов коловоз, вклучува и реконструкција на канализационата мрежа и нови водоводни приклучоци.

-Лошата инфраструктура во урбаната и руралните средини, мора да стане минато и да биде заменета со услови во какви што заслужуваат да живеат сите граѓани на нашата општина. Токму затоа, на врвот на приоритетите на оваа локална самоуправа е реализацијата на проекти кои ќе ги решат инфраструктурните проблеми и ќе овозможат промени и развој на општината, согласно барањата на времето во кое живееме. Еден од инфраструктурните проекти за оваа градежна сезона е и реконструкцијата на водовод, канализација и коловоз на 10 краци со должина од над 2 километри во Горно Оризари, со вкупна инвестиција над 44.000.000 денаривели градоначалникот Тони Коњановски.

Тој додаде дека со оглед на должината која треба да биде реконструирана, паралелно се работи на коловозот во должина на трасата од 2028,27 метри за што општината инвестира 23.939.792 денари, а екипите на „Нискоградба“ работат на канализационата мрежа на трасата од 2504 метри, со вредност од 18.717.159. денари.

– За водоводната мрежа и околу 107 приклучоци, со ангажираност на екипите на ЈКП „Водовод“, инвестираме 1.706.663 денари. Од констатираната состојба на терен, можеме да видиме дека станува збор за еден голем инфраструктурен проект, кој се реализира со задоволителна динамика и кој значително ќе ги подобри условите во Горно Оризари, изјави градоначалникот Коњановски.

Покрај на реконструкцијата на улиците во Горно Оризари, општината согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште, развојната програма и во соработката со јавните претпријатија и други институции, работи и на улици во Долно Оризари, на улица „Бурса“, во населба „Недопирливи“, на улица „Солунска“, улица „Крушевска Република“, на патеката Тумбе кафе – Смолево и на други локации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*