Home / Вести / Решен проблемот со атмосферските води во Градскиот пазар

Решен проблемот со атмосферските води во Градскиот пазар

За надминување на проблемот со атмосферските води, кои во дел од градскиот пазар се појавуваа при речиси секое врнење од дожд и ги оставаа површините под тезгите во вода, ЈП „Пазари”, во соработка со ЈП „Нискоградба”, им излезе во пресрет на тезгаџиите. Деновиве на терен беше спроведена акција за поставување на сливник, со кој ке се собираат отпадните води и ќе се надмине проблемот на собирање вода под тезгите. Претходно, целосно беше исчистена канализационата мрежа во пазарот по повеке од 15 години.

Од ЈП „Пазари” велат дека на овој начин, им излегуваат во пресрет на барањата на тезгаџиите, но и на купувачите во пазарот.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!