Home / Uncategorized / Нова орема за битолските пожарникари

Нова орема за битолските пожарникари

Битолските пожарникари наскоро ќе добијат нова опрема.Преку проектот „Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Ресен)”, за битолските пожарикари во наредниот период е предвидено да се набават 16 дишни апарати, како и  42 професионални  комбинизони  за гаснење на  пожари на отворен простор со пожарникарски ракавици и чизми.

Деновиве Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа на РМ, го потпишаа договорот за реализација на овој проект. Проектот е аплициран до Бирото за рамномерен регионален развој во рамките на програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Вкупната вредност согласно проектната апликација изнесува 4.163.550 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*