Home / Вести / СЈО молчењето го наплатиле 4,6 милиони евра

СЈО молчењето го наплатиле 4,6 милиони евра

Специјалните обвинители од поранешното СЈО во 2015 година добиле додатоци поголеми од нивните плати, а во периодот од јануари 2016 до септември 2019 година добиле вкупно 282.896.000 денари, односно околу 4,6 милиони евра за кои нема законско покритие, по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност, утврдил државниот ревизор. Ова е заклучокот што го соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на усогласеност во СЈО за периодот од 2015 до 2019 година за „плати и додатоци на плати и други надоместоци“. Ревизијата била направена на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Како што се нотира во ревизорскиот извештај, додатоците на плата за 2015 година предвидени за Јавниот обвинител и јавните обвинители во ова обвинителство, го надминуваат износот на исплатени средства за основната плата по лице.

– Врз основа на извршената ревизија, утврдивме дека остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти. Исто така утврдивме дека освен додатоците на плата за 2015 година, остварувањето на правото на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти. Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти – се вели во соопштението на ДЗР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*