Don't Miss
Home / Uncategorized / Саем на креативци од Балканот во Битола

Саем на креативци од Балканот во Битола

Амбасадата на САД во Mакедонија во партнерство со Aмериканските катчиња во Македонија и со Општина Битола, ќе го спонзорира првиот Саем на креативци на Балканот. Настанот ќе се оддржи на 11 мај од 10 до 20 часот во Домот на културата во Битола.

Овој мини саем во Битола, што ќе биде забавен да го посетат цели семејства, претставува фестивал на инвентивност, креативност и талент, на кој ќе учествуваат 20 креативни организации од цела Македонија. Настанот ќе биде собир на технолошки ентузиjасти, занаетчии, наставници, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти и луѓе од бизнисот – од сите возрасти. На настанот ќе има практични демонстрации и работилници за 3Д-печатачи, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.

Овој саем е продолжение на програмите на Aмериканските катчиња во Македонија преку кои учесниците истражуваa механика, роботика, електроника, графички дизајн и други креативни активности стекнувајќи вештини што може да се искористат во понатамошното образование или во приватниот сектор. Првиот Саем на креативци се одржа во Калифорнија во 2006. Оттогаш се прошири во целиот свет, така што во 2017 се организираа повеќе од 200 вакви настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*