Навивачката група Чкембари  преку соопштение до медиумите ја информираа спортската и другата јавноста дека веќе неколку натпревари не го бодри ФК Пелистер од трибините, а велат дека и во иднина нема да се појавува поради незадоволство од тоа како работи управата на клубот.
Според нив назначување на директори и фудбалски работници кои немаат никаква организациска способност и знаење за таа функција, носењето на играчи по пријателска линија кој во втората и третата лига ја греаа клупата, а во Пелистер се првотимци, нивниот интерес само да добиваат државна плата без разлика дали водат прволигаш или второлигашки клуб го донесоа клубот до амбисот, велат од навивачката група.

И додаваат дека за прв пат во историјата на Пелистер, младинските школи испаднаа од првата лига. Само пред неколку години школата на Пелистер важеше за една од најголемите расадници на фудбалски таленти, а денес уништена како никогаш претходно.

Во соопштенеито наведуваат дека последните информации што ги добиле се дека клубот е тужен преку ФИФА од неколку поранешни фудбалери и дека долговите во меѓувреме пораснаа за 100%. Ако биле зимоска 200.000 евра денес се близу 350/400.000 евра.

Сметаа дека инаетот да не се соработува едни со други, поради суета или политичка нетрпеливост клубот, го донеле до пред згаснување. Локалната самоуправа, велат Чкембарите нив ги ставиле во тие фотељи да ги решавате проблемите, а не да се жалат и да бараат алиби. Ги повикуваат спонзорите на чувство за одговорност кон преземените обврски. Нивното соопштение завршува со реченицата дека од сите ќе бараат да сносат одговорност за тоа што се случи со ФК Пелистер.