Don't Miss
Home / Uncategorized / Само зборувајќи, а не “тепајќи” се со Грција можеме да влеземе во ЕУ

Само зборувајќи, а не “тепајќи” се со Грција можеме да влеземе во ЕУ

Одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на  својот колега Коѕијас  на средбата во Солун,  околу тоа дека Грција никогаш не го проблематизирала идентитетит  и јазикот на македонскиот народ, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, за време на денешната посета на Битола истакна.

-Ние  не можеме  да влеземе во  ЕУ, каде Грција е членка тепајќи се со неа. Ние мора да настојуваме да  влеземе таму зборувајќи со неа. Македонија под  Груевски беше искомплексирана и исплашена и вообичаено тогаш  било кој разговор  со Грција го толкуваа негативно. Да не дозволиме  да си го браниме идентитетот комплицирајќи го  како што тоа го правеше претходната власт, со антиквизацијата. Затоа спинот  е дека ќе разговараме за ревизија на учебниците. Нас едно треба да ни е јасно. Било кои две европски држави кога се во фаза на помирување и отворање на мерките  за предрасудите, треба да се види каква е приказната кај нив, во Грција  за Македонија, а  каква е приказната во Македонија за Грција. Нема никакви договорени позиции. Нека се сретнат историчарите и нека разговараат. Ние настојуваме со овие разговори да им ги одземеме арегументите на силите во Грција  кои сакаат да не блокираат и да направиме атмосфера Грција повторо да не блокира- рече Никола Димитров во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*