Home / Вести / СДСМ со реакција: За чии интереси работи Тони, на кланот Коњановски или на битолчани?!

СДСМ со реакција: За чии интереси работи Тони, на кланот Коњановски или на битолчани?!

Дали градоначалникот работи за интересите на кланот Коњановски и фамилијата или за интересот на битолчани?

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, за каде Општина Битола ќе додели 15 стипендии предава сваќата на Коњановски, внука од баџанак на неговиот брат, Зоран Коњановски и советничка на лидерот на ДПМНЕ, Мицкоски.

Ректор на овој приватен универзтитет е поранешниот градоначалник на Чаир од редовите на ДПМНЕ.

Дали ова се причините што го натераа Коњановски да објави оглас за стипендии за 15 битолски средношколци да студираат на УТМС во Скопје?

Уште колку други партиски војници на ДПМНЕ се кријат зад професорските звања на овој универзитет, а Коњановски дели стипендии во името на битолчани?

Дали зад огласот на Коњановски се кријат роднински и политички интереси за сметка на битолскиот универзитет и неговите факултети?

Коњановски да престане да се крие зад чкртајнците на општината оти во нив нема ништо освен партиска демагогија. Колку повеќе се крие од јавноста, толку подлабоко тони во сомнежи за злоупотреба на функцијата.

Овој случај со стипендиите, СДСМ ќе го пријави во Антикорупциската комисија. Надлежните нека одлучат дали има судир на интереси кај Коњановски кога дели стипендии за приватен универзитет во кој работат негови партиски другари и блиски роднини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*