Home / Uncategorized / СДСМ: Советот да расправа за загадувањето на воздухот во Битола

СДСМ: Советот да расправа за загадувањето на воздухот во Битола

Битолчани на последните избори  јасно, гласно кажаа дека се за живот во Битола, порачаа денеска на прес-конференција од општинската организација на СДСМ од Битола.

-Нема ништо поважно од  здравјето  на граѓаните. Секоја одговорна политика во преден план ги става граѓаните и обезбедување на квалитетен живот и здрава животна средина.  Како одговорна партија, СДСМ на следната седница  ќе побара точка на дневен ред: Информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Битола и извештај за преземените мерки на општина Битола. Општина Битола преку одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина , преку своите советници за животна средина   со овие информации треба прегледно да располагаат. Од оваа точка треба да произлезе и заклучок  за  преземање итни краткорочни мерки заради загаденоста на воздухот.  Од друга страна, на следната седница кога ќе се носи буџетот на Општина Битола за 2017 година, СДСМ ќе предложи и долгорочни мерки во изнаоѓањето на решенија за намалување на загаденоста на воздухот во општина Битола а кои се во согласност со програмските определби на СДСМ  – итакна координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола, Наташа Петровска.

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*