.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ: Битола е прва општина во државата која има програма за подобрување на квалитетот на воздухот

ВМРО ДПМНЕ: Битола е прва општина во државата која има програма за подобрување на квалитетот на воздухот

На прес-конференцијата на СДСМ од Битола а во врска со загадувањето во градот , со реакција во јавноста излегоа  од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ- Битола.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

Општина Битола е прва општина во Република Македонија која има изготвено програма за подобрување на квалитетот на воздухот. Таа програма претставува документ во кој е дадена детална анализа за состојбата со квалитетот на воздухот за главните извори на загадување како и се дефинирани мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот.

Програмата предвидува 21 мерка за спроведување со кои би се подобрил квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Битола, односно следниве мерки кои веќе се превземени:
Информирање на јавноста за прaшањата за квалитетот на воздухот, Упатство за согорување на дрва за затоплување по домовите.

Информирање на јавноста за прашањата за квалитетот на воздухот, Упатство за согорување на дрва за затоплување по домовите. Подобрено отстранување на прашината на градежните локации. Подобрено чистење на улиците. Направена е голема акција за прочистување на оџаците на институциите. Зголемен е бројот на зелени површини преку пошумување.Промоција на енергетската ефикасност. Редовен мониторинг на емисиите и известувања и надгледувања на поголемите индустриски постројки и електрани. Во соработка со Владата  и ЕЛЕМ во тек е изработка на проектна документација за проектот – топлификација на Битола, во кој со дел учествува и Општина Битола. Општина Битола  врши мерење на хемискиот состав на ПМ10 честичките од сопствени средства. Првото мерење е извршено во летниот период, а второто ќе биде во зимскиот период со што ќе се открие изворот на загадувањето, а воедно и доставено е барање за јавна набавка за услуга, за фирма со возила – цистерни кои со посебни прскалки ќе извршат прскање низ улиците за намалување на ПМ10 честичките со хемиско средство КМА (калциум/магнезиум/ацетат) и кое средство веќе е набавено. Општина Битола заедно со општините Новаци и Могила со помош на Владата на Република Македонија  и Собранието  се изборија за одделување на финансиски средства односно 0,007 денари од киловат час произведена електрична енергија во РЕК Битола, а тоа се околу 17 милиони денари, кои што Општина Битола сто процентно ги користи за намената. За подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во животната средина Општина Битола реализира и други најразлични активности како што се подобрување на патната инфраструктура, односно изградба и реконструкција на улици, изградба на кружни текови,  одржување на јавна чистота и зелени површини за што годишно се издвојуваат околу 33 милиони денари, канализационата мрежа каде само оваа година е извршена изградба и реконструкција на истата во должина од 6.900 метри како и .опремување на јавните претпријатија за основната функција. Во завршна фаза е проектот за велосипедски патеки, а извршена е и замена на дограмата во голем дел од основните и средните училишта од различни програми, дел од општината, дел од владата, како и од други донации и фондови. Општина Битола ги евидентира сите новонастанати диви депонии кои често пати несовесни граѓани ги палат и предизвикуваат аерозагадување, а општината најмалку два пати годишно ги чисти тие диви депонии. Со средства од Владата преку програмите на Светска и Европска банка извршена е адаптација, рехабилитација и реконструкција на повеќе локални патишта.  Сите овие мерки од страна на надлежните институции се веќе превземени. Бидејќи ние се грижиме за граѓаните со дела- стои во соопштението на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ- Битола.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*