Home / Вести / Се гради коритото на поројот во Гермијан

Се гради коритото на поројот во Гермијан

Почнаа градежните активности за уредување на коритото од поројот во населеното место Гермијан. Општина Новаци ,во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, преку Министерството за локална самоуправа и Светска банка, го финишира проектот „Уредување на Порој во селото Гермијан“, во должина од 1.500 метри. Претходно, со првата фаза, преку грант од Светска банка, и со средства во висина од 16.557.000 денари се изврши уредување на коритото во должина од 900 метри.

– Со втората фаза преку проектот „Заштита на животната средина во пелагонискиот регион преку инфраструктурни интервенции за уредување речен порој во селото Гермијан“, со средства во висина од 6.850.000 денари, од кои од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа се обезбедени 6.100.000 денари, а остатокот од буџетот на Општина Новаци, беа уредени 300 метри – велат од Општина Новаци.

Третата и завршна фаза на уредување на коритото се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор“. Центарот за развој на пелагонискиот плански регион го имплементира овој проект во рамките на програмата за прекугранична соработка, финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.

Инвестицијата е во износ од 148.883 евра и со неа ќе се реши проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште, како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот, кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!