Home / Uncategorized / Се реновира ОУ “ Трифун Пановски“

Се реновира ОУ “ Трифун Пановски“

  • “Како и во сите училишта во Општина Битола, така и во О.У. „Трифун Пановски“ , летните месеци од распустот се користат за работни активности и санации во училиштето. Како што истакна директорот Пецо Димовски, со максимална заложба на општината, вработените, родителитеи донаторите, ќе се работи на повеќе места во училиштето. „Деновиве, со средства од Општина Битола, се работи на санација на спортската сала во училиштето, која е во незавидна состојба. Санацијата ги опфаќа ѕидовите, таванот и партерното уредување. Во текот на денот добивме и донација од „Кромберг и Шуберт“, кои како општествено одговорна компанија ни излегоа во пресрет на нашите барања и донираа посна и мрсна боја за целосно бојадисување на внатрешните ѕидови во сите простории во училиштето“, истакна Димовски. Училиштето и во наредниот период преку соработка со локалната самоуправа, но и со донации од општествено одговорни компании и помагатели, ќе работи на подобрување на условите за настава на учениците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*