Home / Градска хроника / Се реновира училиштето во село Гермијан

Се реновира училиштето во село Гермијан

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска во селото  Гермијан  оствари средба со родителите кои бараат да се отвори Центар за ран детски развој за нивните дечиња на претшколска возраст во склоп на подрачното училиште.

-Разговарав со мајките на деца кои се на претшколска возраст кои побараа да се отвори игротека во склоп на училиштето по завршувањето на проектот со подвижната игротека која доаѓа тука двапати неделно. Исто така ја искористив приликата да го посетам училиштето и да видам како се одвиваат работите околу промена на старата и дотраена дрвена дограма со нова пвц  како и фасадата на училиштето со што ќе се зголеми енергетската ефикасност на овој објект и ќе се намали потрошувачката на енергија за затоплување-  рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Градежните работи околу училиштето во Гермијан се во тек и вкупната вредност изнесува околу 600 000 денари а опфаќа изградба на цементна кошулица во ходникот, замена на дограма и влезна врата, отворање на нов и преѕидување на старите оџаци,изведба на плафон од гипс картон, поставување на нов под,поправка на постоечката електрична инсталација, монтажа на нови светилки,бојадисување на простории, реновирање на санитарните јазли и набавка на нови клупи и столчиња.

Градоначалникот Котевски ја посети и подвижната игротека каде се сретна со гостите од Словачка.

Подвижната игротека доаѓа во село Гермијан два пати неделата по два часа а се реализира во склоп на проектот за прекугранична соработка со Грција на Високата медицинска школа и ЗГ Лајфстарт.

 

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!