Don't Miss
Home / Култура / Се реставрира и конзервира Исхакија џамијата

Се реставрира и конзервира Исхакија џамијата

Заврши реставрацијата и конзервацијата на познатата Исхакија џамија во Битола, изградена во 16 век, споменик на културата од Османлискиот период.
Проектот го реализираше Турската агенција за соработка и развој „Тика”, во соработка со стручни лица и експерти од Република Македонија, а обновата беше реализирана од специјализирана фирма од Турција.
На свеченоста која беше одржана по повод пуштањето во употреба на познатата Исхакија џамија во Битола, присуствуваше и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи.

Тој заедно со Турската агенција за соработка „Тика” го потпишаа протоколот за меѓусебна соработка помеѓу Министерството за култура и Турската агенција.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*