Home / Uncategorized / Дебата за невработеноста кај младите

Дебата за невработеноста кај младите

Тркалезна маса на тема „Невработеноста кај младите во Република Македонија – Социјална инклузија на ранливи групи на млади“  се одржa денеска во Битола во организација на локалниот Младински културен центар.

Активноста е во рамки на регионалниот проект поддржан од Европската комисија „Платформа за иновации во областа на младинската невработеност во Југоисточна Европа“.

Учесниците ќе го разгледаат Нацрт националниот извештај за невработеноста кај младите лица во Македонија, спроведен во периодот од март до мај, оваа година.

Проектот се реалиизра во седум земји на ЈИЕ: Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Турција, а главна цел е да се истражат состојбите со младинската невработеност во регионот и да понуди иновативни модели и решенија за поттикнување на вработувањето на младите во земјите вклучени во проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*