Home / Вести / Шанса за младите истражувачи

Шанса за младите истражувачи

  • Претставник на Фондот за иновации и технолошки развој, во салата наСоветот на Општина Битола, пред директорите и професорите на битолскитеосновни и средни училишта го презентираше годинешниот повик за награди под наслов „Предизвик за млади истражувачи“.
  • До 31 март, сите основни и средни училишта можат да аплицираат наотворениот повик од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и даучествуваат на Предизвикот за млади истражувачи и истражувачки.Натреварувачкиот тим треба да биде составен од 1-2 наставника во улога на ментори на проектот и 3-7 ученици, учесници во проектот. Иновацискиот натпревар има за цел да креира истражувачки проекти од областа наприродните и техничките науки. Неда Икономова Гавриловска, од Фондот за иновации и технолошки развој на промотивната средба истакна дека процесот на истражување требада се основа на научен метод, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Таа го појасни и начинот на аплицирање, можностите и придобивките од учеството научилиштата во проектот. Дел од присутните претставници на училиштата дадоа и свои предлози за подобрување и поуспешно реализирање на проектите. Ова е втор повик до училиштата за аплицирање за млади истражувачи.Минатата година, три битолски училишта беа во наградените и добија средства за нивните проекти. ОУ „Стив Наумов“ доби 229.000 денари за проектот„Квалитетот на воздухот во мојата училница“, кој го работеа двајца ментори и десет ученици. СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, со тројца ментори и тројца ученици, го работеа проектот „3Д технологиите, предизвик на денешницата и неопходностна иднината“ и за него добија 250.000 денари. Меѓу наградените беше и проектот на СОУ „Јосип Броз Тито“, под наслов „Присуство на тешки метали во почвата на потег Битола-РЕК Битола“. Него го изработија двајца ментори и шест ученици, со средства во висина од 287.500 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!