.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Штитеници од “Кочо Рацин“ во посета на градската библиотека

Штитеници од “Кочо Рацин“ во посета на градската библиотека

Децата од Центарот за деца со посебни потребни „Кочо Рацин“ – Битола денеска  ја посетија битолската универзитетска библиотека, каде  имаа можност да се запознаат со работата на библиотеката и како може да стигнат до книга.

Денешната посета  во битолската библиотека е во пресрет на одбележувањето на 3. декември,  Светскиот ден на децата со посебни потреби.

-Библиотеката е на сите  и денес се обидуваме да им ја доближеме и на децата со посебни потреби, истакна директорката на Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“ ,  д-р.  Лили Бошевска.

Доближување на книгата до сите категории на луѓе е целта на ваквите организирани посети во Библиотеката која неодамна го промовираше реконструираниот и обновен детски оддел.

Со цел да им се доближи книгата и до децата со посебни потреби библиотеката им подари Мини библиотека  што е дел од проектот за инсталација на мини библиотеки „Земи , прочитај, врати“.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*