Don't Miss
Home / Uncategorized / Силно невреме ја зафати Битола

Силно невреме ја зафати Битола

Денеска рано изутрина, небото буквално се “отвори” над Битола. Уште од раните утрински часови, а особено нешто по 7.30 часот силни поројни дождови ја зафатија Битола. Дожд паѓаше како од кабел.
Засега не се знае точно колку литри дожд на метар кубен падна во Битола, но поради поројните дождови движењето по улиците буквално беше невозможно, а и сообраќајот се одвиваше со големи потешкотии.
Поради поројните дождови од повисоките места на градот реки од дожд, кои носеа се со себе се слеваа кон централното градско подрачје, каде шахтите не беа во состојба да ги примат надојдените води.
Автор: М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*