Home / Вести / Синдикатот на Сименс од Виена во посета на Синдикатот на АД ЕСМ

Синдикатот на Сименс од Виена во посета на Синдикатот на АД ЕСМ

Синдикатот на АД ЕСМ беше домаќин на делегација од Синдикатот на вработените во фабриката Сименс во Виена, Австрија. Средбата се одржа во просториите на РЕК Битола.

Претседалот на Синдикатот на АД ЕСМ, Јове Смилевски и дел од синдикалните претставници на подружницата на средбата со своите австриски колеги имаа можност да слушнат искуства за работењето на синдикатите во Австрија, начинот на кој се организирани таму синдикатите и формите на комуникација со работодавецот во процесот на обезбедување на правата на работниците.

Австријците прошетаа низ Термоелектраната Битола, се дружеа со работниците, добија ладен оброк каков што добиваат и вработените во РЕК Битола со цел да имаат што покомплетен впечаток за условите за работа во најголемиот производствен капацитет на АД ЕСМ.

На работната средба, првиот човек на Синдикатот на ЕСМ, Јове Смилевски ги запозна синдикалните претставници од Австрија со достигнувањата на синдикатот изминатите неколку години, како што е бесплатниот ладен оброк за сите вработени во РЕК Битола, новите автобуси за превоз на работниците што ги набави менаџментот на АД ЕСМ, континуираната набавка на заштитна опрема за вработените и многу други. Смилевски особено го акценираше покачувањето на платата на вработените во АД ЕСМ за 5 проценти минатата година, што беше прво покачување на платите во компанијата после десетина години. Синдикалците разменаа искуства и во однос на колективните договори како правен механизам за заштита и унапредување на правата на работниците, при што беше искажано задоволство што Синдикатот на АД ЕСМ успева постојано да го држи отворен дијалогот со менаџментот на компанијата и да го запази рокот за продолжување на колективниот договор во компанијата.

Синдикалните претсавници од ЕСМ и од Сименс, Австрија разговараа за можноста возвратна посета да биде организирана во фабриката во Виена, кога тоа ќе го дозволат економско – општествените услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*