Home / Uncategorized / Сите на одмор, Македонија во мајчина

Сите на одмор, Македонија во мајчина

Македонија ја тресе невиден скандал со аферата “Рекет“.

По објавувањето на видеоснимката во еден италјански весник како Орце Камчев на Боки 13 и Зоки Кичеец му брои 1,5 милион евра јавноста во Македонија е згрозена, а оваа афера ја стерсе и Европа.

И додека јавноста ги гледа снимките од “ Рекет“ обвинителката Катица Јанева е на одмор во Грција, а на одмор е и обвинителката Вилма Русковска.

Ова е досега невиден скандал. Додека тие што тајно снимаа и ги лиферуваат снимките по Европа обвинителките без око да им трепне се одмараат.

Со овој невиден скадал пропадна и последната можност во Македонија да завладеа правото и правдата.

Очигледно е дека за брзо време повторно во оваа земја ке се скандира “Нема правда, нема мир“.

Македонија се доведе во ситуација еден Боки 13 да си поигра со правниот систем на државата и да кажува кој ке лежи а кој не во Шутка, за криминал и по ваквиот скандал сите инволвирани во аферата да бидат на слобода и да продаваат евтини приказни без да кажат каде отидоа милионите евра исплатени за големите идеи на некои баби.

Чудно е зошто сеуште молчат големите новинарски пера од 1 ТВ кои земаа илјадници евра хонорари и кои продаваа морал и етика од оваа рекет телевизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*