Home / Вести / Со бројни активности одбележан патрониот празник на СОУ “ Таки Даскало“

Со бројни активности одбележан патрониот празник на СОУ “ Таки Даскало“

СОУ „Таки Даскало“ Битола со бројни активности го одбележа својот патрон празник 3 мај. Во рамките на активностите, училиштето издаде нов број на училишното списание “ГРСТ“, чии главни уредници се Весна Мундишевска-Велјановска, наставник од графичката струка и Марија Младеновска-Димитровска, психолог, кое е издадено во електронска и печатена верзија. Графичката струка го издаде и осмиот број на списанието “Графопрес“, што го подготвија ученици од графичката струка, а главен уредник е Весна Мундишевска-Велјановска, кое, исто така, е во печатено и електронско издание.

Промовирано е видео за училиштето за постоечките струки и занимања, изработено од Оливер Цветковски, во соработка со стручните активи, како и рекламни материјали, плакат и летоци, изработени од Миле Атанасоски, и двајцата наставници по графички стручни предмети.

Промовирани беа проектите за реконструкција на спортските сали и партерно уредување на училишниот двор и спортските терени, чија проектна документација ја изработија наставниците од градежно-геодетската струка, Петар Ѓоргиевски и Снежана Стојановска- Балјаревска.

Се одржа и онлајн настан по повод патрониот празник, на кој учениците од Литературниот клуб, под менторство на Николина Поповска, наставник по македонски јазик и литература,  со свои литературни творби и поетско читање “Од срце за Таки Даскало“, како и со литературни творби и рефереат посветен на Таки Даскало, под менторство на Милица Радевска и Весна Јовановска, исто така, наставници по македонски јазик, му оддадоа почит на патронот. Се организира и онлајн изложба на која учениците од гимназиско образование и од текстилната струка, чии ментори беа Љубица Мешкова-Солак, Живка Ицановска и Билјана Исијанин, изработија свои ликовни творби во чест на патронот.

Во претходните две седмици се реализираа низа други активности како издавање и онлајн промоција на книгата “Tell me a story“, која ја подготвија учениците од билингвалните гимназиски паралелки, под менторство на Валентина Богојовска, наставник по англиски јазик, во соработка со Американското катче. Збирката раскази пишувани од учениците на англиски јазик, е публикувана во печатена и во електронска верзија.

Графичката струка при СОУ “Таки Даскало“ во соработка со писателите од “Битолскиот книжевен круг“, на иницијатива на Весна Мундишевска-Велјановска, обезбеди и донираше книги кои беа доставени во сите основни училишта од Битола и на Педагошкиот факултет – Битола, заедно со одбележувачи на книги изработени од учениците од графичката струка, под менторство на наставниците Весна Мундишевска – Велјановска, Катерина Спасовска – Маурдева, Снежана Паскова, Мери Цицковска и Валентина Ристевска.

Учениците од градежно-геодетската струка, заедно со наставниците од градежно-геодетскиот актив Жанета Сиваков, Оливера Георгиевска, Петар Ѓоргиевски и Снежана Балјаревска Стојановска, изработија видео за градежно-геодетската струка.

Беше изготвен и туристички водич за Хераклеја, од учениците од угостителско-туристичката струка, под менторство на Билјана Исијанин во соработка со д-р Ирена Ружин од НУ Завод и музеј – Битола.

Марија Младеновска – Димитровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*