Home / Култура / Со новогодишниот концерт Камерниот оркестер ги воодушеви битолчани

Со новогодишниот концерт Камерниот оркестер ги воодушеви битолчани

Во преполнетата сала на Центарот за култура во Битола, каде се бараше влезница повеке, Камерниот оркестар на Битола, го одржа новогодишниот kонцерт, насловен „Ладиес сѕмпхонѕ”, последен за оваа година.

Концертот предизвика воодушевување кај присутните во големата сала на Центарот за култура, која беше исполнета до последното место.

На концертот заедно со Камерниот оркестар настапија: Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова, со изведба на хитови од светски познатите пејачки имиња Ријана, Ејми Ванхаус, Алиса Кис, Емили Санде…За крај песната „Се што сакам да речам за Божиќ “ беше причина  повеќе за дополнително воодушевување на присутните во салата, кои со овации ги наградија изведувачите за задоволството што им го приредија на новогодишнот концерт.

-Новогодишниоит концерт  беше кулминација на успешната концертна година и настапите во повеќе македонски градови, фестивалот „Охридско лето”, но и гостувања во странство, пред се во Сараево и Ниш.

Со исти амбиции ќе ја почнеме и новата година бидејки планирани ни се настапи во Португалија и Хрватска, како и на фестивалот „Рок Вилиџ 2018” во Банатски Соколац”, рече Владимир Димовски, диригент на Камерниот оркестар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*