Home / Вести / Со повеќе активности одбележан „Денот на Планетата Земја“

Со повеќе активности одбележан „Денот на Планетата Земја“

Во основните и средните училишта во Битола, со повеќе активности се одбележува „Денот на Планетата Земја“. Дел од училиштата се вклучија со активности за уредување на училишниот двор, некои со одржување на градината, а други со едукативни работилници во соработка со Центарот за јавно здравје од Битола и акција за собирање на пластични капачиња и нивно предавање од страна на учениците во соработка со Пакомак.

По повод „Денот на планетата Земја“, во соработка со родителите, започна и првата од низата работни акции во дворот на градинката “Мајски Цвет”. Материјалите за работа беа донирани од страна на битолската млекара „Бимилк“, а со помош на двајца родители и вработени во установата, беа изработени соодветни едукативни реквизити во дворот на градинката, со цел претставување на можностите за намалување на отпадот кои произлегуваат од пренамена на материјалите.

Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22 април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година во Рио де Жанеиро.

На овој ден се реализираат активности за создавање услови за одржлив развој, зачувување на биолошката разновидност, штедливо користење на природните ресурси, користење на обновливи видови енергија, правилно складирање на отпадот и користење на секундарните суровини со рециклирање, како и активна борба против сите фактори кои имаат штетно влијание на климатските промени.

Денешните активности во битолските училишта, кои се реализираа во партнерство со родителите и бизнис секторот се насочени токму кон овие цели, во интерес на подигнување на јавната свест и свеста на најмладите за зачувување на здрава и чиста животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*