Don't Miss
Home / Економија / Бизнис центарот ќе го поттикнува развојот на малите и средни бизниси

Бизнис центарот ќе го поттикнува развојот на малите и средни бизниси

Неодамна, во Скопје свечено беше потпишан новиот договор за поддршка на Бизнис центарот во Пелагонискиот регион, помеѓу Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

-Целта на договорот е поддршка на Бизнис центарот во насока на  поттикнување на развојот на малите и средни бизниси, зголемување на конкурентноста  помеѓу општините и планските региони и привлекување нови инвеститори преку олеснување на пристапот до институциите и до услугите во регионот- информираат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Бизнис центарот ќе работи на обезбедување информации за постоечките индустриски зони во регионот, слободни локации со нивни карактеристики и поволности кои ги нудат, водич за инветиции со стратешките цели на регионот за развој на одредени сектори, информативни настани за запознавање со националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој.

А во наредниот период, со поддршка на Министерството за локална самоуправа  и ГИЗ,  Бизнис цен-тарот ќе се фокусираа на подготовка на регионална стратегија за иновации.

На  потпишувањето на договорот присуствуваа министерката за локална самоуправа  Ширет Елези, директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Емилиа Ѓероска, државниот секретар на министерството за локална самоуправа, како и претставници на ГИЗ, УНДП и бизнис центрите на планските региони.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*