Home / Вести / Соопштение од ЈП “Нискоградба “

Соопштение од ЈП “Нискоградба “

Им се соопштува на граѓаните на Општина Битола дека поради изведување на градежни работи на ул.Мордо Нахмијас Лазо, на потегот од раскрсницата со уч.Димитар Тодоровски до патчето за манастирот Св.Ана, улицата ќе биде затворена за сообраќај во период од 07:00 до 15:00 часот, во наредните неколку дена се до завршување на работите, соопштуваат од ЈП Нискоградба во Битола.

Додаваат дека за време на изведувањето на работите ќе има прекин со вода, а сообраќајот ќе се регулира според воспоставениот режим.

Од таму апелираат до граѓаните да се придржуваат до ова соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!