Home / Спорт / Сопствениците кренаа раце од Пелистер

Сопствениците кренаа раце од Пелистер

Иако засега нема официјална потврда сепак според добро информирани извори на порталот на  Битолски весник, сопствениците на мнозинскиот пакет акции во клубот, Цветан Панделевски и Орце Камчев, по се изгледа кренаа раце од Пелистер  и ги враќаат клучевите на општината.

Деновиве тие за своите намери со писмо ја известиле и градоначалничката на општината Наташа Петровска.

Имено тие биле лути затоа што екс градоначалникот Талески не ги исполнил своите обврски и им останал должен од 130.000 евра, а причината за враќањето на клубт наводно  покрај слабите резултати бил и штрајкот на “пелистeрци”

Според извори на Битолски весник сопствениците на Пелистер наводно немале потпишан договор со општината, бидејќи градоначалникот Талески,  по сугестија на неговата десна рака Слободан Бончановски одбивал да го потпише договорот за преземање на клубот, таков каков што му бил понуден од сопствениците, па така сега  тие  практично  немале никакви обврски срема Пелистер.

Инаку доминатните сопственци на Пелистер во писмото упатено до градоначалничката  Петровска истакнале дека клубот ќе го вратат без никакви долгови и дека се што тие должат ќе исплатат пред да си заминат од Пелистер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!